Завршила дипломски студии на Политичките студии на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје. Во моментов посетува последипломски магистерски студии на истиот институт, каде специјализира меѓународни односи, европски интеграции и дипломатија.
Своето работно искуство го започнува како асистент истражувач токму во Институтот ПРЕСПА, кој го смета како своја матична организација. Соработувала како асистент истражувач и со Меѓународниот академски институт, Центарот за еколошка демократија Флорозон, Европската мрежа на млади демократи и други.
Пишувала колумни за Институтот за човекови права и Институтот за комуникациски студии, а нејзиниот истражувачки интерес се меѓународните односи, дипломатијата, родовата еднаквост, климатските промени и енергетската транзиција.
Зорана е асистентка истражувачка во Институт ПРЕСПА од април 2021 година.