Завршил формално образование од областа на политичките науки, стекнал звање доктор на политички науки, а од 2000 година е редовен професор на политичките студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. На Политичките студии ги предава предметите Политички теории, Цивилно општество, Политичка филозофија, Добро владеење и управување, Политичка култура и Политичка митологија. Во неговиот научен и истражувачки интерес се областите демократизација, човекови права, добро владеење и управување, национализам и градење нации како и теоретски и применети политички науки.
Професорот Марковиќ е поранешен претседател на Македонското политолошко друштво и еден од основачите на Балканската асоцијација на политички науки (BPSA), како и еден од основачите на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС). Член е на уредувачкиот одбор на списанието „Политичка мисла“ во издание на Фондацијата „Конрад Аденауер“ – Скопје и ИДСЦС. Од 2019 година проф. Марковиќ е член на Националниот совет за безбедност.
Професорот Марковиќ е постар надворешен соработник и истражувач во Институтот ПРЕСПА од октомври 2022 година.