Публикацијата „Неискористена експертиза – Родови динамики и политички перцепции“ престатвува извештај од спроведеното истражување преку анкета и општествен експеримент кое одговара на главните истражувачки прашања „Како родовите перцепции и предрасуди влијаат врз политичкиот ангажман и какво е влијанието на овие родови динамики врз политичкото учество?“
Истражувањето беше спроведено во рамките на проектот „Неискористена експертиза“, а координаторка на тимот истражувачки и авторка на публикацијата е м-р Ивана Јордановска, постара надворешна соработничка на Институтот.
Публикацијата ги обработува сите делови на истражувањето, опфаќа 10 табели и приближно 200 графикони во кои визуелно се претставуваат собраните податоци.
За да ја прочитате публикацијата, следете го овој линк: