Двојна трансформација на Северна Македонија е извештај од истражувањето на направено во рамките на проктот „ЕУ опсерваторија – Поглавје 27“ во кој се појаснува зелената рамка која ги вклучува Зелениот договор на Европската Унија, Зелената агенда за Западен Балкан, Економскиот и инвестициски план и Регулативата за ИПА-3. Истражувањето ја анализира зелената рамка, а прави и мапирање на утврдените фондови за нивна реализација, како и програмираните проекти од кои корист ќе има државата. Дополнително, истражувањето ги мапира и утврдените обврски кои ги преземала Владата за учество во финансирањето на проектите. Конечно, во извештајот се дава преглед на поглавјето 27 – Животна средина и климатска акција и утврдените главни 72 правни акти со кои ќе треба да се хармонизираме во процесот на пристапување во ЕУ.