Анализата насловена „COVID-19 и пазарот на трудот“ е подготвена во рамките на проектот „Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија“ финансиран од Фондот за добро владеење на Велика Британија.
Преку истражувањето, тимот во состав: Горан Лазаров, координатор, Диана Жупаноска и Андреја Стојковски, како истражувачи и Јована Петковска како асистент истражувач, се обидува да ги утврди последиците од здравствената криза и влијанието кое мерките за справување со неа ги имаат врз пазарот на трудот.
Притоа, истражувачкото прашање на кое тимот се обидува да одговори е следното: „Како влијаеше здравствената криза врз пазарот на трудот и како да се промени законодавството со цел да се направи пазарот на труд поотпорен и подготвен за економската криза која следува?“