Методологијата за Климатско насочување на Буџетот или на англиски Climate Mainstreaming треба да му овозможи на граѓанското општество во Република Северна Македонија да го идентификува и следи делот од државниот буџет кој се однесува на трошења релевантни за справување со климатските промени.
Во продолжение на методологијата е поместена анализа на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, како и проценка за неговата насоченост кон справувањето и ублажувањето на влијанието на климатските промени кај планираните расходни ставки. Анализата вклучува три буџетски корисници и програмите и потпрограмите вклучени во буџетот за 2023 година.