„ЕУ опсерваторија“ е првата соработка со Фондацијата Отворено општество – Македонија и опфаќа три фази на активности преземени за исполнување на три конкретни краткорочни цели: да ја анализира преговарачката рамка за Северна Македонија, како и предлозите на државите-членки за нејзина измена; да ја анализира структурата за пристапните преговори со ЕУ и да даде предлози за нејзино подобрување; и да го анализира квалитетот на дел од реформскиот процес и имиџот на Северна Македонија во првиот кластер.
Во втората фаза, проектот се фокусираше на двојната, зелена и дигитална трансформација на Северна Македонија во рамките на процесот на пристапување во ЕУ. Проектот во рамките на својата втора фаза имаше за цел да придонесе за усогласување со Зелената агенда, како и за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија.
Воедно, преку активностите во рамките на проектот беа исполнети следните краткорочни цели: мапирање на средствата од ЕУ за зелениот договор и кластерот за одржливо поврзување, особено во поглавјето 27 – животна средина и климатски промени, како и средствата од Економско-инвестицискиот план на Европската комисија претставена со стратегијата за проширување; да ги доближи Зелениот договор на ЕУ и Зелената агенда за Западен Балкан до јавноста и да го претстави ефектот врз политиките и пристапувањето во Европската унија; и да се утврдат методолошки чекори и да се направи список на документи и алатки за следење на усогласувањето и искористувањето на фондовите на ЕУ за усогласување во однос на Зелената агенда за Западен Балкан и поглавјето 27.