Институтот ПРЕСПА објавува ПОВИК за учество во програма за јакнење на капацитетите на граѓанското општество за следење на спроведувањето на Реформската агенда на Република Северна Македонија 2024-2027
Програмата CARGrow има за цел да го поттикне и поддржи процесот на формирање на алијанса на граѓански организации и/или мрежи, чии претставници низ серија обуки и работилници ќе се стекнат со соодветно знаење и вештини за следење на реализацијата на Реформската агенда, согласно унифицирана и комплементарна методологија за мониторинг која ќе биде развиена во рамки на програмата. Програмата се спроведува во рамките на проектот „Граѓанска алијанса за реформи и пораст“ односно „Civic Alliance for Reforms and Growth“ финансиски поддржан од Одделот за надворешни работи на Република Ирска, преку Амбасадата на Република Ирска во Букурешт.
Претставниците на граѓанските организации кои ќе се пријават и ќе бидат избрани да учествуваат во програмата ќе бидат активно вклучени во следниве активности:
- Обука за Планот за Раст (Growth Plan) и Инструментот за реформи и пораст (Reform and Growth Facility) во траење од два и пол дена – период на реализација ноември 2024;
- Обука за целите, приоритетите и индикаторите од Реформската агенда на Република Северна Македонија 2024-2027 во траење од два и пол дена – период на реализација ноември/декември 2024;
- Шест еднодневни работилници за развој на методологија за мониторинг на реализацијата на секој од секторите/областите од реформската агенда (добро управување и јавни финансии, енергија и зелена транзиција, дигитална транзиција, развој на човечки капитал, развој на приватниот сектор, владеење на право) соодветно – период на реализација декември 2024 – април 2025;
- Изработка на иницијална анализа/проценка на состојбите во секој од секторите со особен фокус на приоритетите и индикаторите кои се дел од Реформската агенда, што ќе треба да послужи како појдовна основа за изработка на методологијата за следење.
Право на пријавување имаат:
- Претставниците на граѓанските организации и/или мрежите на граѓански организации (формални и неформални) кои што ги имаат во фокус темите т.е. областите од реформската агенда (добро управување и јавни финансии, енергија и зелена транзиција, дигитална транзиција, развој на човечки капитал, развој на приватен сектор, владеење на право);
- Секоја граѓанска организација или мрежа може да пријави по двајца претставници за било која од темите и воедно може да номинира свои претставници за максимум две теми (на пр. по двајца претставници – вкупно четири – и тоа за владеење на право и за дигитална трансформација), доколку профилот и портфолиото на организацијата и/или мрежата упатуваат на претходно работно искуство и експертиза во секоја од областите;
- Граѓанските организации кои ќе номинираат претставници за програмата треба да имаат најмалку две години активна работа во соодветната област;
- Претставниците на граѓанските организации кои ќе бидат номинирани пожелно е да имаат минимум една година работен стаж во соодветната организација и да имаат соодветно образование и искуство релевантно за областа;
При изборот на учесниците и граѓанските организации, предност ќе имаат оние номинации кои гарантираат еднаква застапеност на жени, како и застапеност на млади.
Потребни документи за пријавување:
- Писмо за изразување интерес за учество во програмата;
- Краток опис на профилот и портфолиото на организацијата и/или мрежата во областа за која се пријавуваат;
- Кратка биографија на претставниците на граѓанските организации кои се пријавуваат;
Рок за пријавување: 20 октомври, 2024 година
Вашите пријави испратете ги на: contact@prespa-institute.mk Во заглавието на дописот со кој ја доставувате вашата пријава пишете: Повик CARGrow – ПРИЈАВА
Доколку имате било какви дополнителни прашања, во врска со повикот и програмата слободно обратете се на адресата за електронска пошта погоре. Во заглавието на дописот со кој поставувате прашање пишете: Повик CARGrow – ПРАШАЊЕ