Тематскиот приоритет за европеизација и демократизација опфаќа неколку проекти каде што преку длабинско истражување на демократските политики и истражување на политичката одговорност, медиумскиот плурализам и граѓанското општество играме витална улога во генерирањето идеи и поттикнување дискусија помеѓу јавноста и креаторите на политиките.
Спроведуваме истражувања кои ја мобилизираат јавноста за поддршка на специфични агенди и демократски реформи. Изготвуваме документи за јавни политики, извештаи, документи за брифинзи приспособени на потребите на различна публика.
Организираме јавни настани и приватни брифинзи за да ги направиме нашите наоди што е можно подостапни и да обезбедиме информациите до кои доаѓаме допираат до граѓаните и креаторите на политиките на кои им се најпотребни.