Поткаст 3 на Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите.
Опсерваторијата за влијание и имиџ е постојан проект на Институтот ПРЕСПА кој припаѓа на тематската област „Надворешна политика и меѓународни односи“. Проектот е активен од 2020 година и вклучува две компоненти:
- Индекс за меѓународно присуство е синтетички индекс, кој го подредува, квантифицира и агрегира присуството на различни држави во Северна Македонија. Притоа, Индексот одговара на следното истражувачко прашање: колку и во каква форма се присутни државите во границите на Северна Македонија?
- Имиџ опсерваторијата е истражувачка алатка која ги следи и мери јавното мислење, ставовите и стереотипите за целите и средствата на надворешната политика, како и за моделите на економска, политичка и културна размена помеѓу Северна Македонија и другите држави.
Во овој поткаст зборуваме со Демијан Хаџи-Ангелковски, надворешен соработник и истражувач во Институтот ПРЕСПА.