Поткаст 3 од серијалот КЛИМА на Институтот ПРЕСПА.
Поткастот е изработен ворамките на проектот Климатски мејнстриминг за праведна транзиција кој е финансиски поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија. Проектот има за цел да придонесе за хармонизацијата со Зелената агенда на Европската Унија, како и кон пристапувањето на Северна Македонија во Унијата. Притоа, преку проектот
- го следиме правилното финансиско управување и имплементацијата на зелените фондови,
- нудиме препораки за подобрување на конзистентноста на приоритетите за финансирање и законска хармонизација
- со други зборови придонесуваме за подобрување на усогласеноста на Северна Македонија со целите за одржлив развој.
Денес зборуваме со д-р Теодора Обрадовиќ-Грнчаровска, државен советник за климатски промени во Министерството за животна средина и просторно планирање.