Ида Протугер Вељковиќ е членка на Управниот одбор на Институт ПРЕСПА.
Дипломирала психологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Ида има повеќе од 20 години кариера во новинарството, главно на уреднички позиции во повеќе електронски и печатени медиуми. Кариерата ја почнува во агенцијата МИА, а потоа работи и во Канал 5, Дневник, Алфа ТВ и неделникот Граѓански. Таа е активен учесник и во граѓанското општество, со ангажман за демократизација на општеството и унапредување на човековите права. Учествувала во процесот за демократизација на Здружението на новинарите и била претседател на Етичкиот комитет при ЗНМ. Како ко-автор учествувала во изданијата „Црниот понеделник“ и „Што е груевизам“. Во 2015 година се сели во Виена, Австрија каде се дообразува и сега работи како сертифициран тренер за личен развој и за системски развој на организации и компании.
Ида е членка на Управниот одбор од мандатниот период 2020-2023, а беше реизбрана и за мандатот 2023-2026.