Митко Севриевски е претседател на Управниот одбор на Институт ПРЕСПА.
Дипломирал на Европскиот универзитет во Скопје.
Митко во моментот работи како проектен координатор на меѓу-граничен проект со Република Грција во областа на здравствената заштита. Тој има речиси петнаесет годишно работно искуство во канцелариско и проектно работење, како менаџер за логистика и финансиски менаџмент за непрофитни организации.
Митко е еден од основачите на Институт ПРЕСПА и член на Управниот одбор од ноември 2019 година. Во август 2020 година бил реизбран за член и претседател на Одборот во мандатниот период 2020-2023.