Завршил додипломски студии на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а запишал и постдипломски студии по деловно право на истиот универзитет.
Горан има повеќе од десет години професионално искуство во проектна координација и имплементација. Во рамките на својата работа Горан особено бил активен во истражувања на јавното мислење и истражувања во општествени науки, како и мониторинг и евалуација на јавни политики и анализа на податоци.
Горан е постар надворешен соработник и истражувач во Институтот ПРЕСПА од април 2020 година.