Завршил дипломски студии по политички науки колеџот Мидлбери во Вермонт, САД, а магистрирал на Универзитетот во Северна Каролина во Чапел Хил. Во моментот е докторанд во областа на политички науки на Универзитетот во Северна Каролина во Чапел Хил, каде специјализира компаративна политичка психологија и квантитативни методи. Негов истражувачки интерес се психолошките механизми кои ги поткопуваат нелибералните ставови и однесувања како што е нетолеранцијата на луѓе со различни идентитети и мислења.
Во јуни 2022 година бил еден од триесетте млади истражувачи во општествените науки во САД кој добил истражувачки грант за инаугуративна дисертација од Фондацијата Расел Сејџ. Со почетокот на академската година 2022-2023 како добитник на едногодишен истражувачки грант од DAAD – Германската служба за академска размена престојува во лабораторијата за социјална психологија на д-р Мелани Штефенс на Универзитетот во Ландау во Германија.
Надвор од академската заедница, Мартин работел како истражувач за УСАИД и за Прашкиот институт за безбедносни студии. Исто така, бил консултант за анализа на податоци на министерот за надворешни работи, истражувачки асистент во Џонс Хопкинс – Школата за напредни меѓународни студии, како и соработник за првиот амандман во Медиа Херст корпорацијата во Њујорк, во 2017-2018 година.
Мартин е надворешен соработник и истражувач во Институт ПРЕСПА од јуни 2022.