Завршил формално образование од областа на економските науки, стекнал звање доктор на економски науки, а сега е редовен професор на Економскиот факултет, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, каде предава квантитативни методи во финансии и статистика (на додипломски студии) и анализа на временски серии и демографски методи (на после дипломски студии). Во неговиот научен интерес се макроекономските политики, финансиите и надворешната трговија. Има објавено повеќе од 20 трудови во научни списанија кои се индексирани во Web of Science или Scopus.
Автор е на два универзитетски учебници и една книга. Добитник е на годишната истражувачка награда на меѓународниот Global Development Network за испитување на интеракциите на фискалната и монетарната политика во земјите со фискен девизен курс (во 2012 година). Во 2015 година избран е за најдобар научник на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во областа на општествените науки, а истата година врз основа на анкетата на порталот Fakulteti.mk е избран за еден од најинспиративните професори во Северна Македонија. Подоцна во 2020 година, во анкета на студентите бил избиран за еден од професорите со најдобри on-line предавања во земјата.
Од јуни 2017 до јуни 2019 година, бил министер за финансии во Владата на Република Северна Македонија, а во периодот 2020-2022 година бил советник на Извршниот директор на ММФ во Вашингтон, САД.
Професорот Тевдовски е постар надворешен соработник и истражувач во Институтот ПРЕСПА од октомври 2022 година.