Проширувајќи ја работата на двојната, зелена и дигитална трансформација на Северна Македонија и соработката со Фондацијата Отворено општество – Македонија, проектот „Климатско вклучување во правна транзиција“ има за цел да придонесе за усогласување со Зелената агенда на Европската Унија, како и за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија.
Преку повеќе активности, проектот исполнува три краткорочни цели: следење на правилното финансиско управување и имплементација на зелените фондови; да даде препораки за подобрување на конзистентноста на приоритетите за финансирање и законско усогласување; и да ја подобри усогласеноста на Северна Македонија со целите за одржлив развој.