Следејќи го сопственото истражување спроведено во рамките на тематскиот приоритет за европеизација и демократизација, Институтот ПРЕСПА го започна проектот за здружување на женската експертиза за надворешна и безбедносна политика. Како резултат на тоа, беше формирана Работна група на жени експертки за надворешна и безбедносна политика. М-р Ивана Јордановска, постара надворешна соработничка и истражувачка на Институтот ПРЕСПА ги координира напорите и претседава со работната група, додека професорката д-р Весна Попоска, м- р Весна Шапкоски . и г-ѓа Ангелина Цветковска се првите активни членки на работната група.
Работната група и нејзините членови споделуваат размислувања и експертиза за специфични истражувања во рамките на различни проекти на институтот, но исто така добиваат пристап до сите податоци и брифинзи, предавања и конференции, како и до различни настани за вмрежување. Сите регистрирани експертки се поканети да учествуваат во развојот на ресурси за натамошни истражувања и анализи, како и во изработка на студии и извештаи за надворешната и безбедносната политика.За да се регистрирате за Работната група, ве молиме користете го следниот линк.