Инструмент за претпристапна помош – ИПА-3 е брифинг материјал за подобро разбирање инструментот и финансиската рамка за поддршка на пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија. Со материјалот се одговараат не колку клучни прашања за инструментот, а се идентификувани и прозорците во кои се планира помошта, како и веќе утврдените проекти. Дополнително, материјалот нуди информација за ветеното национално учество од страна на Владата со што треба да се олесни следењето на нивната имплементација.