Оваа публикација е резултат на програмата за менторирање на млади истражувачи и истражувачки за надворешна и безбедносна политика од проектот Неискористена експертиза. Во истражувањето учествуваше тим од учесници во програмата а автор на публикацијата е професорката д-р Весна Попоска.
Хибридните закани – неконвенционални закани кои потпаѓаат под прагот на воената сила – станаа сеприсутна карактеристика на денешната безбедносна средина. Оваа публикација има за цел да ги информира читателите за хибридните закани и за заштитата на критичната инфраструктура имајќи го предвид современиот карактер на војување.