Неискористена експертиза

Проектот „Неискористена експертиза“ (Untapped Expertise), има за цел да придонесе за подобрување на учеството на жените во одлучувањето во Северна Македонија, како и да ја подобри перцепцијата за жените како експерти за надворешна и безбедносна политика. Преку проектот, Институтот ја развива работната група на експертки од областите надворешна и безбедносна политика, која, меѓу другото, служи како платформа за трансфер на знаење и градење на капацитети за развој на политики и застапување, како и за поддршка при промоција и вмрежување на експертките и учесниците во менторската програма за млади итсражувачки и аналитичарки.

Членки на работната група се професионалки, со извонредна комбинација на теоретски знаења и/или практично искуство во областите: меѓународно право, меѓународни односи, меѓународна економија, студии по безбедност и слично.

Членките на работната група:

  • споделуваат размислувања и експертиза при истражувањата во проектот, или по други важни прашања од нивната експертиза, односно на други проекти;
  • користат податоци од истражувањата кои ги спроведува Институтот;
  • менторираат свои помлади колешки во истражувања, анализи и застапување за промени;
  • учествуваат во брифинзи, предавања и конференции за надградба на знаењата и споделување на нови наоди од областа;
  • учествуваат во анализи и создавање на ресурси за натамошни истражувања на надворешната и безбедносната политика.

 

За пријавување за членство во работната група пополнете ги сите полиња во пријавата.

постара надворешна соработничка и истражувачка, претседателка на работната група
постара надворешна соработничка и истражувачка, членка на работната група на експертки за надворешна и безбедносна политика
постара надворешна соработничка и истражувачка, членка на работната група
надворешна соработничка и истражувачка, членка на работната група
членка на работната група
членка на работната група
членка на работната група
членка на работната група
членка на работната група
членка на работната група