Магистер по менаџмент на човечки ресурси во бизнис администрација, консултантка, истражувачка и членка на работната група на експертки за надворешна и безбедноста политика
Завршила формално образование од областа на политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Подоцна го продолжува своето образование на Интернационалниот факултет, Сити Колеџ – Шефилд Универзитет во Солун, Грција каде магистрирала на одделот за човечки ресурси и го одбранила својот труд под наслов „Дали јавниот сектор е тивок убиец на кариерата? Евалуација на одливот на високо-квалификуван кадар и корективни активности на човечките ресурси во јавниот сектор.“
Професионално е ангажирана во организација од невладиниот сектор со седиште во Женева, Швaјцарија „Меѓународен Совет за Мир и Безбедност“ како консултантка за менаџмент на човечки ресурси.
Воедно, како истражувачка работи на труд кој се однесува на политичките влијанија кон вработените во јавниот сектор и стратегиско и систематско градење на човечките капацитети во јавниот сектор, со посебен акцент на превенирање на одливот на високо-квалификуван кадар од јавните институции.
Посебен истражувачки интерес искажува кон развој на неуро-науката во менаџирањето на човечките ресурси, како и меки практки и лидерски концепти во организации од јавниот и приватниот сектор.
Нејзината активност во граѓанскиот сектор во различни подрачја вклучува активно учество во креирањето и развојот на младиниските политики и стратегии, развој на демократските процеси, меѓу кои и учество на НАТО САМИТ симулации организирани од страна на Евро-Атланскиот Совет во Македонија, лидерски форуми организирани од страна на Фондацијата „Борис Трајковски“, како и активности поврзани со превенција на кризи, кризен менаџмент и менаџмент со загуби. Авторка е на неколку академски трудови. Како колумнистка редовно објавува свои видувања во електронското издание на списанието „Човечки капитал“.
Алумни е на Политичката академија за социјална демократија, Интернационалната програма за млади лидери од Југоисточна Европа, како и на Шефилд Универзитетот, истовремено е истакната членка на Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси.
Во моментот е дел од Академијата за жени претприемачки, која е проект поддржан од Американската амбасада во Република Северна Македонија.
Ивана е дел од работната група на експертки за надворешна и безбедносна политика во Институтот ПРЕСПА од октомври, 2023 година.