Докторант на правни науки – Меѓународно право и меѓународна политика, извршна директорка на Рурална Коалиција
Завршила додипломски студии за јавна администрација на Факултетот за јавна администрација и менаџмент на информациски системи, при Универзитетот Св. Климент Охридски, Битола, а магистрирала бизнис право на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје – Правен факултет Јустинијан Први. Веќе 16 години активна во граѓанскиот сектор, а од 2019 година и во улога на извршна директорка на Рурална Коалиција, организација која што делува во секторот социјален и економски развој опфаќајќи ги при тоа и тематските области: развој на капацитетите на локалниот граѓански сектор, земјоделство, рурален развој, климатски промени, родова еднаквост, транспарентност и отчетност, локален младински активизам како и креирање и мониторинг на локални јавни политики.
Консултантка, истражувачка, обучувачка, фасилитаторка со длабоко познавање и искуство во областите регионален и локален развој, човекови права, реформа на јавната администрација, младински активизам, родова еднаквост и родово-одговорно буџетирање, стратешко планирање и институционален/организациски развој, финансиска одржливост, проектен менаџмент, мониторинг и застапување. Авторка на бројни научни трудови и документи за јавни политики од областа на правото, политиката, локалниот економски развој, вклучување на родовите перспективи во националните и локални политики, а се јавува и како истражувачка и авторка на различни стратешки документи наменети за развој на граѓанските организации и единиците на локалната самоуправа.
Нејзините истражувачки интереси вклучуваат: меѓународно јавно и приватно право, ЕУ во меѓународните односи, заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, меѓународно судство.
Членка на Советот за соработка на Владата со граѓанското општество, сертифициран модератор на ЗЕЛС за спроведување на форуми во заедниците, членка на Советот за Отворено Владино Партнерство, алумни на Школата за јавни политики “Мајка Тереза“, како и членка на ИПА секторската група за локален и регионален развој во рамките на Министерството за локална самоуправа и ИПАРД мониторинг комитетот.
Од октомври 2021 година, докторантка и надворешна соработничка на Правниот факултет Кичево, Универзитет Св. Климент Охридски-Битола, на програмата за Меѓународно право и меѓународна политика.