Завршила докторски студии magna cum laude на Правниот факултет на Универзитетот во Келн, Германија, а во моментов работи како редовен професор по Меѓународни односи на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изведува настава по предметите: Меѓународни односи, Европската Унија во меѓународните односи, Мултилатерална дипломатија и ООН, Меѓународно економско право. Има остварено студиски престои на Lauterpacht Centre for International Law, при Универзитетот во Кембриџ во Обединетото Кралство, како и на Универзитетот во Торино, Италија.
Нејзиното професионално искуство вклучува работа за неколку европски проекти, меѓу кои најзначајни се ангажманите во рамки на Environmental legal team на Унивезитетот од Сиена, ангажманот во рамки на проектот Support to the European Union Integration Process (phase III, SMEI 3) во Тирана, Република Албанија, како и ангажманот како предавач на Европскиот институт за јавна администрација (EIPA) во Барселона, Шпанија.
Нејзините истражувачки интереси се насочени кон меѓународните односи, надворешните односи на Европската Унија, членството на ЕУ во меѓународните организации.