Завршила дипломски студии по превод и толкување на англиски и германски јазик, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. После пар години работење во Собранието на Република Македонија, заминува на магистерски студии по меѓународни односи на Мармара универзитетот во Истанбул. Докторските студии ги завршува на Квин Мери Универзитетот во Лондон, на тема „Студии на консолидација на политичка моќ во хибридни режими.“
Работела како преведувач по англиски, турски, македонски и босански/српски во Македонија, Црна Гора и Србија. Нејзиното професионално искуство вклучува соработка на консалтинг проекти за тинк-тенк организации, проектен менаџмент, и предавања на Квин Мери Универзитетот.
Професионално е ангажирана како предавач на Кингс Колеџот во Лондон. Нејзините истражувачки интереси се фокусираат на демократизација, политичка економија на авторитарни режими, надворешна политика, Југоисточна Европа и Турција.