Зоран Илиевски е член на Управниот одбор на Институт ПРЕСПА.
Дипломирал политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, магистрирал европски интеграции и регионализам на Универзитетот во Грац, Австрија, а докторирал политички науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на студиите, во два наврати, бил прогласен за студент на генерацијата, за што бил и награден.
Д-р Зоран Илиевски е редовен професор по политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и шеф на Канцеларијата за Југоисточна Европа на Глобалниот совет за толеранција и мир, меѓународна организација со седиште во Малта.
Како истражувач, и раководител на меѓународни истражувачки проекти има објавено над четириесет труда и две монографии, поврзани со меѓународните односи, Европските интеграции, демократската консолидација, применетата политика и особено со регулирањето на етничките конфликти. Добитник е на Европскиот орден на Свети Ѓорѓи од Хабсбург-Лотринген.
Илиевски е раководител на Центарот за политолошки истражувања и анализи на Правниот факултет “Јустинијан Први” , претседател на East-West Bridge во Скопје и член на претседателството на East-West Bridge International, со седиште во Белград, Србија. Тој е почесен член на Југоисточно-европската група при Трилатералната комисија (Њујорк-Париз-Токио), а од 2009 до 2017 година, бил советник на Претседателот на Република Македонија, координатор на Советот за надворешни односи на Претседателот на Република Македонија и програмски координатор на Школата на млади лидери на Претседателот.
Професорот Илиевски е член на Управниот одбор за мандатниот период 2023-2026